CODEMA_2022

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ,

Со ова писмо Ве покануваме на настанот,

II Конгрес по диференцијални равенки, математичка анализа и примени

CODEMA 2022

кој во исто време е и

X семинар по диференцијални равенки и анализа

Веднаш да напоменеме дека во моментов, живееме во свет во кој веќе ништо не може да се предвиди благодарение на чумата на овој милениум CoVid-19. Ние, како индивидуи, не можеме да сториме скоро ништо, што се однесува до болеста, т.е. CoVid-19. Тоа е катастрофа што тивко, некаде брзо, некаде полека се пробива и го наоѓа својот пат. Сепак, ние како математичари и луѓе кои работиме во областа на математиката од наша сопствена гледна точка, мораме и можеме, како и другите професии, да се прилагодиме на оваа зло на милениумот. Сега за сега, ситуацијата е добра, а за повеќе од една година, се надеваме дека ќе биде нормална.  

Во разговор со моите колеги-соработници, одлуката беше едногласна да не се одложува настанот на неодредено време и да се чека погоден момент за да се одржи, така како што беше во 2020 година. Одлучивме да се направи комбинирана конференција и тоа со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО - ИНТЕРНЕТ конференција - според техничките можности што ги имаме во моментот, кај нас, како и воопшто во светот. Конгресот ќе се одржи во Охрид, хотел Metropol Lake Resort, во периодот

25 септември - 28 септември 2022 година.

Сите информации и формулар за регистрација можете да ги најдете на веб-страницата:

https://kongres.org.mk/

кои ќе бидат поставени во периодот 10.07.2021-20.07.2021 година.

По тој повод, ВЕ ПОКАНУВАМЕ да земете учество на овој комбиниран настан и тоа со Физичко присуство-Интернет, во кој можеби нема сите да бидеме на едно место, но сè друго останува исто. Секако, средствата што ќе треба да се усплатат за учество на овој настан ќе бидат различни, во зависност од Вашето учество (on-line или со физичко присуство), што секако е логично. Првото соопштение за учество на овој настан и дополнителни придружни документи потребни за секој учесник ќе ви бидат испратени по е-пошта до Вас.

Особено сакаме да нагласиме дека на овој настан е одвоено посебно место за организација на конференција за образование наречена САТЕЛИТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕТОДИКА НА МАТЕМАТИКА - СКММ. Чест ни е да ги поканиме сите колеги, професори по математика од основните и средните училишта во нашата земја, како и колегите од целиот свет.

За учество на овој настан, како и обично, ќе бидат издадени сертификати за учество, сертификати за презентација и која било друга форма на сертификати што следат на секој конгрес. Сертификатите ќе ги добиете во електронска форма, а исто така, истите сертификати ќе бидат испечатени и испратени до Вас по пошта во ХАРТИЕНА форма на Вашата адреса, заедно со книгата на апстракти што ќе бидат отпечатени и испратени до Вас.

Реализацијата на оваа конференција / симпозиум / конгрес ќе се одржи преку еден од начините за одржување на вакви настани (како што се Microsoft Teams, Zoom или некоја друга платформа) за што дополнително ќе Ве информираме.

За сите Ваши дилеми и/или прашања може да се обратите на следниот e-mail

armaganka.makedonia@gmail.com.

Се надеваме дека ќе го збогатите овој настан со Вашето присуство.

Со почит, Организационен одбор на CODEMA 2022