ДОПОЛНЕТ ПРОТОКОЛ ЗА on-line НАТПРЕВАР ЗА КЕНГУР 2021 година-ФИНАЛНА ВЕРЗИЈА

Почитувани

во прилог е дополнетиот протокол за меѓународниот натпревар КЕНГУР 2021 година. Ве молиме целиот ВНИМАТЕЛНО ДА ГО ПРОЧИТАТЕ. 

ДОПОЛНЕТ ПРОТОКОЛ  за одржување на

Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2021

            Оваа година, Меѓународниот математички натпревар Кенгур 2021 ќе се одржи на 18 март 2021 со почеток во 11 часот во шест категории како и до сега. Но оваа година тоа ќе се направи комбинирано, односно on-line и со физичко присуство, во зависност од условите кои се наложени од ситуацијата со пандемијата CoVid-19, начинот на кој се пријавиле учениците и возраста на натпреварувачите. Затоа, Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство, пронајдете го делот кој се однесува на Вас и Ве молиме строго да се придржувате до него. Секако, ако имате нејаснотии, прашања и дилеми, Ве молиме да се обратите кај Проф. д-р Алекса Малчески, на тел. 076/220414 или на email: kangaroo.macedonia@gmail.com.

ОДГОВОРНИТЕ НАСТАВНИЦИ СЕ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР И ЗА КОЈА ЌЕ ДОБИЈАТ СООДВЕТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО НА ОВОЈ НАТПРЕВАР

Сертификатот за Државна комисија го добиваат во  продолжена правна рамка  на АКРЕДИТАЦИЈАТА која ја имаме како членови на меѓународната асоција KANGAROO SANS FRONTIERES.

1.Натпревар КЕНГУР 2021 со физичко присуство

Натпреварувачите кои ќе се натпреваруваат со физичко присуство, за кои има такви услови, и се пријавиле преку пријава од училиштето во кое учат, натпреварот ќе се одвива како и до сега-со физичко присуство. Доколку има ученици од истото училиште кои не можат да учествуваат на натпреварот со физичко присуство, одговорните наставници треба да им ги испратат задачите преку меил (за тие учленици важат условите кои се предвидени за on-line натпревар-види точка 2-од овој допис). Одговорниот наставник ќе добие:

А)материјали како и претходните години-кутија со материјали.

Б)одговорни наставници, задачите ќе ги добијат во електронска форма, пред самиот почеток на натпреварот(1 час пред натпреварот).

В) Одговорите од учениците на тестот треба да се испратат преку google-forms, преку линкот кој ние ќе ви го препратиме исто како и во точка 2 од овој допис, од деловит Д) и Г).

Г) Одговорите ќе се внесуваат и на стандардните ливчиња за одговори (во хартиена форма), кои одговорниот наставник по завршувањето на натпреварот треба да ги чува до објавување на конечни резултати од натпреварот.

2. Наттпревар КЕНГУР 2021 - on-line со наставник- ментор на ученикот

За групна пријава на група ученици кои ги пријавува наставник-ментор, без разлика дали е преку училиште или не, за кои не постојат услови да се натпреваруваат со физичко присуство преку училиштето во кое учат, односно кои што ќе се натпреваруваат on line, потребно е да имаат пред себе компјутер и интернет мрежа. Одговорниот наставник:

А) Наставникот ментор е одговорен за придржувањето на условите на одржување на натпреварот за својата група натпреварувачи и е должен доследно да ги спроведува истите.

Б) Наставникот ментор треба да ги надгледува своите ученици на видео камера за време на натпреварот, исто како кога се прават тестови на училиште.

В)Наставникот сноси одговорност за доставување на точните задачи и форма за одговори до секој натпреварувач од неговата група.

Г)Ќе ги добие задачите на mail (најмногу 1 час пред почетокот на натпреварот) со кој ја пријавил својата група ученици и е должен да ги достави до своите ученици исто така на mail, во соодветно време.

Д) Заедно со задачите, наставникот ментор ќе добие линк за Google форма за внесување на одговорите кој што линк треба да го сподели со своите натпреварувачи.

Ѓ)Истата форма мора да се препрати до нас со кликање, после пополнување на одговорите од страна на учениците, на копчето SUBMIT.

Е) Овие натпреварувачи, заради безбедност во натпреварот мора да поплнат и ливче со одговори во ХАРТИЕНА ФОРМА и истото да го достават до својот предметен наставник, кој е одговорен за натпреварот. Ливчињата одговорниот наставник мора да ги чува до објавувањето на конелчни, финални резултати од натпреварот.

3.Натпревар КЕНГУР 2021 on-line со родтел-старател  на ученикот

За индивидуални пријави, каде што родител го пријавува своето дете (едно или повеќе) улогата на наставникот-ментор од точка 2 ја презема родителот-старател кој ја поднел пријавата и за него важи истото што е наведено во точка 2.

Во оваа категорија, видео надзорот го врши Армаганка и за тоа родителот-старател ќе добие линк за вклучување на натпреварот.

4.Натпревар КЕНГУР 2021 за полнолетни граѓани

Ако натпреварувач кој е полнолетен сам се пријавил на натпреварот, тој на својот mail со кој се пријавил ќе ги добие задачите и линк до формата за одговори 10-15 минути пред почетокот на натпреварот. За него важат сите услови од точка 2 од овој допис.

Во оваа категорија, видео надзорот го врши Армаганка и за тоа натпреварувачот ќе добие линк за вклучување на натпреварот.

5.Други важни соопштенија за on-line натпреварот КЕНГУР 2021

Важно за сите натпреварувачи што се натпреваруваат on-line: за секоја категорија, формата за одговори е различна. Ве молиме да проверите дали е онаа наменета за Вашата категорија, па потоа да пополнувате. Исто така важно е и следното: за да завршите со натпреварот(1 час и 15 минути од добивањрто на материјалите), треба да кликнете на полето Submit/Испрати на крајот на формата. Тоа треба да го направите најмногу 40 минути по завршување на вашето решавање на задачите. Потоа нема да може да се вратите назад за да направите корекција на одговорите. Штом еднаш кликнете на полето Submit, натпреварувањето за тој натпреварувач е завршено.

Многу важно: личните податоци во формата за одговори мора да се идентични како оние што се наведени во пријавата за натпреварот.

Од БОРДОТ на меѓународниот натпревар КЕНГУР 2021 година