Ве известувам дека и оваа година, според строгите услови на организаторот ќе се одржи ЕВРОПСКИОТ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2020. Право на учество имаат сите ученици од 6 одделение до 4 клас во средното образование. Натпреварот ќе се организира на 12.12.2020 година. На оваа страна, во делот олимпијади, пристапни ви се материјалите од ЕМК од претходните години. Учеството на ваков вид на натпревари секако дека е добар за секој ученик одвоено, кој има осет дека може да се појави на истиот. Барем резултатите и настаните од претходните години тоа го потврдуваат во целост. Просто не знае било која единка каде му е среќата, а посебно кога се работи за вака суптилна област како што е математиката. Со прости зборови, ПОВЕЛЕТЕ НА ОЛИМПИЈАДА.