IX симпозиум по диференцијални равенки и анализа (I конгрес по диференцијални равенки, анализа и примени)-реализација

ПОЧИТУВАНИ

Во текот на вчерашниот ден 31.10.2020 година се одржа работниот дел од IX симпозиум по Диференцијани равенки, анализа и примени (или I конгрес по математичка анализа, диференцијални равенки и примени). Едноставно мора да се каже, 10 импресивни часови од врвна математика, во ретките одмори интернет дружење помеѓу колегите од сите мередијани од целиот свет (Америка, Европа, Азија)... Пред се професионални презентери на своите работи, без исклучок сите...Покрај искуството, квалитетот, кој беше на екстремно високо ниво, иако се презентираа само 31 труд, од 37 пријавени, сепак оваа конференција го задржа она што го поседуваше...секој млад човек да може да се вклучи и да отпочне со својата научна работа...Бројни прашања, коментари, дискусии секаде каде што за тоа имаше место... Сето тоа, направено од луѓе живеат за математиката и само од неа.... Единствено сите истакнаа дека не е добро што е ова, во овој состав на научни истражувачи, конференција on-line...Сите посакаа да се присутни во нашата земја.... Како организационен одбор, на сите колеги кои беа дел од сето ова (преку 60 присутни и 31 презентер), да им посакаме добро здравје, долг живот, многу среќа и пред се успех во нивните животи.... За сите колеги кои ги почитуваат овие принципи кои се наведени погоре, повелете на CODEMA 2022...

слика 1       види тука

слика 2        види тука

слика 3        види тука

слика 4        види тука

слика 5        види тука

слика 6        види тука

слика  7       види тука

слика 8        види тука

слика 9        види тука

слика 10      види тука

од Организационен одбор на CODEMA 2020