IX симпозиум по диференцијални равенки и анализа (I конгрес по диференцијални равенки, анализа и примени)

ПОЧИТУВАНИ

На ден 30.10.2020 година во 17:00 часот свечено се отвори манифестацијата IX симпозиум по диференцијални равенки и анализа кој во исто време е и I конгрес по диференцијални равенкии, анализа и примени. На свеченото отварање учествуваа значителен број на учесници (преку 50). Во прекрасна свечена атмосфера свои обраќања на истиот имаа академик Стеванј Пилиповиќ, академик Сава гроздев, проф.д-р Слаѓана Брсакоска и проф. д-р Алекса Малчески. Тој дел од манифестацијата заврши во 18:00 часот. Во импознатна атмосфера се доделија и две награди-плакети

ПЛАКЕТА-БЛАГОДАРНИЦА заслуги за развој на македонската математика-носител академик СТЕВАН ПИЛИПОВИЌ, види тука

ПЛАКЕТА-БЛАГОДАРНИЦА за животно дело-носител проф.д-р Ристо Малчески

Зад овие носители на овие одличја стојат импозантни творечки опуси (од преку 300 пишувани единици работни материјали, од кои многу се изразени во книги со значителна вредност, како и научни трудови со кои имаат направени значаен придонес во светската математика). На носителите на овие одличја им посакуваме добро здравје, многу радост, среќа и пред се да продолжат со своите успеси во животот. 

Со почит

Организационен одбор на CODEMA 2020