ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА-финална верзија

ПОЧИТУВАНИ

На ден 30.10.2020 година, термин кој беше закажан од организаторот на натпреварот ИГО 2020 се одржа 7-та Иранска геометриска олимпијада. На истата од нашата држава учествуваа 19 натпреварувачи(од 21-пријавен). На сите учесници на овој настан да им посакаме успех во останатиот дел на олимпијадата (прегледување, координација, оценување). Нашите ученици како Блаже, Ивона, Емилија, Алексиј, .... и сите останати во текот на 4 часа и 30 минути покажаа врвна доблест во однесувањето и покажаа што е тоа олимпијада и како треба да се одржува олимпијада(без разлика на резултатите од истата). Благодарност до сите натпреварувачи. До конечни резултати, ќе причекаме нашите вредни ирански колеги(како и досега) да ја сработат својата работа. 

Поздрав до сите

Борд на Армаганка за меѓународни натпревари